Над 200.000 жртви од глобалниот кибернетички напад, можен е нов

Глобалниот кибернетички напад од петокот погодил повеќе од 200.000 жртви во најмалку 150 земји, изјави во неделата директорот на Европол Роб Вајнрајт, додавајќи дека таа бројка може да биде и поголема кога службениците во понеделник утрото ќе се вратат на работа кога може да продолжи серијата сајбер напади.

Директорот на Европол, Роб Вајнрајт изјавил за телевизијата ITV дека споменатиот напад е специфичен по тоа што изнудувачкиот софтвер (ransoimware) е користен во комбинација со ткн функција на црв, така што заразувањето на компјутерите се шири автоматски.

„Глобалните размери се незапаметени. Последните податоци говорат за повеќе од 200.000 жртви во најмалку 150 земји, а меѓу тие жртви многу ќе бидат компании, вклучително и големи корпорации“, вели Вајнрајт.

„Во овој момент сме соочени со ескалирачка закана. Бројките растат, стравувам дека ќе продолжат да се зголемуваат во понеделникот утрото кога луѓето ќе се вратат на работа и ќе ги вклучат компјутерите“, додава челникот на Европол.

Програмерите кои се занимаваат со разработка на антивирусни софтвери во петокот објавија дека е извршен голем хакерски напад во целиот свет со користење на вирусот за кодирање WanaCrypt0r 2.0. На екраните на заразените компјутери се појавува известување за блокирање на податоците и се бара да се исплатат 300 долари во виртуелната електронска валута биткоин за повторно деблокирање.

Вајнрајт, исто така, изразува загриженост во врска со нивото на заштита на компјутерските мрежи на здравствените системни во многу земји. Имено, штети министерството за здравство на Русија којашто е една од најпогодените земји, а во Велика Британија беше нападнат здравствениот систем и околу 50 болнички институции.

Шефот на Европол истакнува дека најголемиот дел од нападнатите корисници на компјутерските мрежи не им префрлиле пари на хакерите.

Претходно беше објавено дека хакерите користеле модифицирана штетна програма направен во американската разузнавачка Агенција за национална безбедност (NSA), кои минатата година протекле на интернет.

Весникот The Financial Times, повикувајќи се на аналитичари од сферата на кибернетичката безбедност, пишува дека споменатата алатка на американското разузнавање, позната како „eternal blue“ (неисцрпно синило), била користена во комбинација со уценувачкиот софтвер WannaCry.