
Во текот на вчерашниот ден (25.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 271 возач.
Од нив 34 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час. При тоа 108 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 163 надвор од населено место.