Над 3.000 мртви во судирите во Конго последните осум месеци

Повеќе од три илјади луѓе се убиени од октомври 2016 година во Касаја во судирите кои ја потресуваат оваа област во Демократска Република Конго се наведува во документот на Апостолскиот нунцијат во оваа африканска земја.

Во споменатиот документ се наведува податокот за 3.383 загинати лица во Касаја во последните осум месеци, додека Обединетите нации досега го наведуваа податокот за „повеќе од 400 мртви“.

Во документот на Апостолскиот нунцијат во ДР Конго, исто така, се напроени и „оштетувањата на црковните згради“ врз основа на „сигурните црковни извештаи од 13 октомври 2016 годна“, кога бил изведен првиот напад на некој жупанија, додавајќи дека податоците „не се целосни“.

Документот датиран со 19 јуни објавен во вторникот се наведува дека се оштетени и затворени повеќе црковни институции, меѓу кои 60 нахии, 34 манастири, 31 здравствен центар на Римокатоличката црква, 141 католичко училиште, пет семинарии и разорена е една бискупија.

Покрај тоа, се предупредива дека 20 села се „целосно уништени“, меѓу кои „десет села ги разорил FARDCK (конгоанската војска), 4 припадниците на локалните милиции и 6 од засега непознати сторители“.

Се споменува, исто така, дека во споменатата област им 30 масовни гробници. Извештајот на ОН, пак, зборува за 42 масовни или заеднички гробници.

Од септември 2016 година областа Касаја, во централниот дел на ДР Конго, е зафатена од бунтот на групата Камвина Н’сапуа, наречена по нејзиниот водач кој во август 2016 беше убиен во воена операција откако се побунил против властите во престолнината Киншаса.

Во судирите во Касаја, во кои учествуваат припадници на милициите, војската и полицијата, раселени се повеќе од 1,3 милиони луѓе. Во март таму загинаа и двајца експерти на ОН кои по налог на генералниот секретар на светската организација истражуваа за овие судири. ОН ја обинува бунтовничата груша Камвина М’сапуа за регрутирањњње деца и за злостооорства, а војската на ДР конго за прекумерна употреба на сила.