Над 30 милиони Британци ја примиле првата доза од вакцината против Covid-19

Повеќе од 30 милиони луѓе во Велика Британија ја примиле првата доза од вакцината против Covid-19, обjави во неделата тамошното министерство за здравство и социјална грижа.

Првата доза од вакцината ја примиле 30.151.287 возрасни Британци во периодот од 8-ми декември до 27-ми март, објави министерството за здравство и социјална грижа (DHSC). Во истиот период 3.527.287 Британци, односно 6 отсто од возрасните популациja, ја примиле и втората доза, се додава во истото соопштение.

Се додава и дека Велика Британија е близу достигнувањето на владината цел до 15-ти април првата доза од вакцината да ја примат сите возрасни лица постари од 50 години, како и клинички чувствителните групи во нацијата.

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изрази задоволство од остварениот процент на вакцинираност во земјата.

„Апсолутно сум одушевен од тоа што повеќе од 30 милиони луѓе ја примиле вакцината ширум Обединетото Кралство, а то вклучува 650.00 вакцини аплицирани вчера“, рече во неделата Хенкок.