Над 30 загинати во сообраќајна несреќа во Северна Кореја

Најмалку 30 луѓе загинале во голема сообраќајна несреќа во Северна Кореја, соопшти во понеделникот министерството за внатрешни работи на Кина од каде што се најголемиот број од жртвите.

Како што објави кинеската телевизија CGTN несреќата се случила во неделата вечерта во покраината Северен Хвангае, кога автобусот со кинески туристи паднал од мост.

„Вкупно загинаа 36 лица, 32 од нив се државјани на Кина а уште четворица се државјани на Северна Кореја“, изјави во понеделникот на редовниот брифинг со новинарите портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Лу Кан. Додаде дека кинеските власти се во постојан контакт со надлежните органи во Пјонгјанг за да се разјаснат околносите за несреќата.

Оваа покраина граничи со Јужна Кореа, и таму се наоѓа Каесонг, добро посетена туристичка дестинација древна корејска престолнина.

Северна Кореја иако тешко пристапна е популарна туристичка дестинација, особено за жителите на североисточна Кина. Корејскиот поморски институт проценува дека туризмот генерира околу 44 милиони долари годишни приходи за Северна Кореја и дека од Кина доаѓаат околу 80 отсто од сите странски туристи.