Нигериската полиција спасила повеќе од 300 луѓе, повеќето деца, кои биле врзани со синџири и заточени во една зграда во градот Кадун на северот од земјата, соопшти во петокот портпаролот на полицијата.
Портпаролот рекол дека во споменатата зграда била сместено исламски верско училиште, и оти во врска со настанот се уапсени седум лица. Меѓу уапсените се и учители од училиштето.
„За децата, од петгодишна возраст па нагоре, грижата ја преземаа државните власти. Две деца се од Буркина Фасо, а другите ги довеле родителите од сите делови на Нигерија, во прв ред од северните покраини“, појасничл портпаролот Јакубу Сабо.
Исламските училишта, познати како алмаџирис, вообичаени се за мнозинските муслимански сојузни држави на северот од Нигерија, којашто речиси подеднакво е поделена на муслимани и христијани.