Над 300 мали фарми пропаднале по носењето по продажбата на земјоделсткото земјиште во Романија, новиот закон за се носи за олигарсите и странци со сомнителни пари да ја грабаат Македонија

Предложениот нацрт закон за распродажба на земјоделското земјиште не е за земјоделците да се стекнат со земја, туку приватизација 2.0. Првата приватизација беше за фабриките и знаеме како заврши со каков грабеж и последиците се дека имаме неколкумина олигарси и 80  отсто сиромаштија во Македонија.

Нема земјоделец кој има да даде 100.000 евра за 10 хектари, од друга страна олигарсите и странците со сомнителни намери и сомнително потекло на пари ќе може да купат и 100 хектари, изјави еден од учесниците на денешниот протест пред владата против распродажба на земјоделско земјиште.

Оваа појава некои ја нарелуваат грабање земја и нема ништо добро да биде за граѓаните и ова го има само во сиромашни земји чии влади лесно се манипулираат и каде што цвета корупција.

„Ние сме мала земја по површина и имаме ограничено земјоделско земјиште. Ако го дадеме тоа ќе останеме без храна, ќе се растури државата. грабливците не сакаат да произведуваат храна на таа земја туку гледаат свои профити, а уште повеќе со овој нацрт закон им се дава можност за урбанизација и за експлоатација на минералните суровини под почвата“, сметаат експертите.

Воедно на владата земјоделците и стручната јавност ѝ препорачаа да ја елиминираа оваа страшна идеја и да го повлече овој нацрт закон бидејќи вакво нешто немаше во изборната програма и никој немаше да го гласа.

Што ќе им оставиме на нашите потомци ако се усвои новиот предлог закон за легализација на дивоградби и продажба на земјоделско земјиште? Не, треба да бидеме многу паметни па да претпоставиме што се може да се случи. Доволно е да ги погледнеме негативните искуства на земјите кои што го поминале ова пред нас. Земјите од бившиот источен блок при своето влегување во ЕУ, имаа слични вакви закони за „доброто“ на народот, во „име“ на народот, исто како што фабриките се распродадоа во „име“ на народот и работниците се офајдиа од нивната распродажба само од власта, нагласи еден од учесниците на денешниот протест кој се одржа пред Влада насловен како Граѓанска иницијатива против Законот за легализација на дивоградби и продажба на земјоделско земјиште.

Еден од учесниците посочи дека од распродажбата на земјоделското земјиште не се само земјоделците засегнати, туку сите граѓани на Република Македонија.

„Што ќе се случи ако државата го продаде земјиштето на криминалците, тогаш наместо да ги имаме овие наши убави зелени пазари, со безброј земјоделци кои што продаваат различни производи со конкурентни цени кои што можеме сите да си ги дозволиме, ќе порасне цената на храната, а со самото тоа ќе падне и стандардот на сите нас“, нагласија учесниците од протестот.

Од протестот се посочи дека во Романија кога власта го продала земјиштето за неколку години пропаднале околу 300 мали фарми, тоа ќе се случи и во Македонија за жал, ако граѓаните дозволат власта да го усвои овој закон.