Над 300 загинати во поплави и одрони во Сиера Леоне (ВИДЕО)

(Photo by AFP)

Обилните дождови проследени со порои од кал и одрони ги изненадила преку ноќта жителите на Фритаун, главниот град на Сиера Леон, при што најмалку 312 луѓе ги загубиле животите, а 2.000 останале без покрив над главата, покажуваат извештаите на властите кои стравуваат дека бројот на смртно настраданите може да биде поголем.

Станува збор за поплави коишто веќе однесоа најголем број жртви во Африка во последните две децении, а се случиле околу 4 часот утрото, пренесуваат медиумите цитирајќи очевидци.

Репортерот на AFP од местото на настанот јавува дека во мугрите жителите на раце ги носеле телата на жртвите и видел куќи затрупани од кал во две градски населби во кои улиците се претвориле во надојдени реки.

Во текот на денот бројот на жртвите постојано се зголемува. Од почетните 18, колку што извести локалниот Црвен крст, бројот се зголемил на 180, соопштил болнички извор. Попладнето веќе биле регистрирани 312 жртви, се наведува во новиот извештај на Црвениот крст.

Меѓутоа, бројот на загинатите би можел да расте, изјавил портпаролот на Црвениот крст, Патрик Масакуи, додавајќи дека спасувачките служби сѐ уште работата во населбите во кои има куќи коишто исчезнале во одроните.

Сиера Леоне, покрај Гвинеја и Либерија, во периодот меѓу 2013 и 2016 година беше најтешко погодена земја од епидемијата на ебола во којашто починаа 11.300 луѓе а заболени беа речиси 29.000 луѓе.