Над 35 мртви во самоубиствен напад во Пакистан

Бомбаш самоубиец се разнесе во петокот на посетуван паа во северозападниот дел од Пакистан, убивајќи притоа најмалку 35 луѓе и ранувајќи уште 40 други, објавија локалните власти.

Нападот се одиграл во округот Оракзаи, една од седумте полуавтономни паштунски планински региони во близина на границата со Пакистан од кои неодмана беа протерани талибанските милитанти кои ги имаа под контрола, изјавил за медиумите локалниот функционер Хашим Кан.

Бомбашот самоубиец се приближил до влезот на исламски центар на пазарот и го детонирал експлозивот. Се странува дека бројот на мртвите ќе расте, бидејќи дел од повредените се во критична состојба.

Засега ниедна од познатите бунтовнички групации, во прв ред Талибан и Исламската држава, кои дејствуваат во регионот не ја презема одговорноста за овој напад.

Нападот, инаку, се случи само неколку часа откако тројца милитанти со експлозив на нив го нападнаа кинескиот конзулат во Карачи, при што загинаа три лица од кои двајца полицајци. Според полицијата на овој пакистански мегалополис, тројцата напаѓачи биле убиени пред да успеат да влезат во објектот рано утрото во петокот.

За овој напад со соопштение на нејзиниот портпарол Џианд Балоч одговорноста ја презема сепаратистичката пакистанска група Ослободителна армија на Балочистан (BLA), која ја обвини Кина дека „ги искористува нашите ресурси“.