Над 360.000 заразени од коронавирус во светот

Повеќе од 360 илјади луѓе се заразани со новиот сој коронавирус до понеделникот во светот, покажуваат податоците кои до 20 часот по средноевропско време ги собрала агенцијата AFP од официјални извори.

Најмалку 361.510 случаи на заразата, меѓи кои повеќе од 16.000 смртни случаи, се регистрирани во 174 земји и територии во светот, најмногу во Кина, која се смета за жариште на пандемијата, и во Италија.

Кина во понеделникот бележи нов пад на новите случаи на заразата, по воведувањето на поострите мерки за сузбивањето на бројот на случаи увезени зарази. Сите нови случаи се увезени од странство, а повеќето се кинески студенти кои се враќаат во татковината.

Од болеста Covid-19 во Европа починале повеќе од 10.000 луѓе, исто така, според податоците на AFP до 20 часот. Земјите кои во последните 24 часа имале најмногу смртни случаи од корнавирусот се Италија – 602, Шпанија – 462 и Франција – 186 починати.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) предупреди дека пандемијата предизвикана од коронавирусот забрзува. Додека беа потребни 67 дена од првиот пријавен сличај да се стаса до бројката од 100.000 случаи на Covid-19, потребни беа само 11 дена за следните 100.000 случаи, а потоа уште само 4 дена за следните 100.000 регистрирани случаи, појасни челникот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Во понеделникот состојбата во Италија, пак, пружи малку надеж. Бројот на починатите во земјата втор ден пор ред е во опаѓање, објави во понеделникот челникот на италијанска Цивилна заштита, па вкупниот број починати од коронавирусот во Италија се зголеми на 6.078 лица.

Во Шпнаија во понеделникот бројот на заболените, втората најпогодена европска земја од коронавирусот по Италија, изнесуваше 33.089 луѓе, од кои 12 отсто се здравствени работници. Бројот на починатите во Шпанија е 2.182 пациенти.

Во Франција, пак, од Covdi-19 досега починале 860 лиѓе. Француските власти ги затвораат пазарите и воведуваат построги правила за изолација, а не се исклучува ниту можноста за воведување полициски час. На пример, ќе може само еднаш дневно да се практикува џогирање, и тоа не најдалеку еден километар од домот.

Бротанскиот Форин Офис бара до своите државјани кои се во странство веднаш да се вратат во земјата, бидејќи епидемијата од коронавирусот го ограничува меѓународниот сообраќај и доведува до затворање на воздушните линии и гранциите.

Канадскиот премиер Џастин Рудо им се закани на сонародниците со санкции, порачувајќи дека од граѓаните или ќе останат во изолација или да се соочат со казни. Бројот на заразените во Канада е 1.474 лица, со раст за 44 болни од неделта, а пријот на починатите досега е 20 луѓе.

„Кога е доста, доста е. Одете дома и останете дома“, порача Трудо кој исто така се наоѓа во самоизолација, бидејќи кај неговата сопруга е потврден вирусот.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC) во понеделникот соопшти дека во САД има 33,453 заразани со коронавируост, а починале 400 луѓе. Зградата на американскиот Врховен суд е привремено затворена од 24-ти март, а сите рочишта и пресуди ќе одат преку видео-конференција. Американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување на припадниците на Националната гарда во три сојузни дражави кои се најпогодени со коронавирусот.

Јужноафриканската Република во понеделникот им се приклучи на земјите во кои е воведен карантин, и незјините жители следните три седмции најголем дел од денот ќе го минуваат во своите домови.