Последните дваесет и четири часа Албанија ја погодиле повеќе од 420 земјотреси, од кои дваесетина биле посилни и почувствувани од населението, јавија во четвртокот надлежните служби во Тирана.
Според Институтот за геолошки науки во Тирана, станува збор за афтершокови по вчерашниот земјотрес од 5,2 степени по Рихтер, чијшто епицентар беше во бизината на пристанишниот град Драч.
Потресите во Албанија се редовна појава и се резултат на судирот на Јадранската микроплоча која е дел од две големи континентални плочи, Африканската и Евроазиската. Умерените земјотреси од 5 до 5,5 степени ја погаѓаат оваа земја на период од две до пет години.