Вкупно 457 белгиски граѓани се приклучиле кон џихадистичката групација Исламска држава во Сирија и Ирак, покажуваат податоците на разузнавачките служби.
Забележано е дека расте бројот на жените (86) и децата (43) џихадисти, јави БТА.
Од вкупниот број 288 Белгијци во моментот се наоѓаат во една од двете блискоисточни држави. За 90 се тврди дека загинале на фронтот.
На границата во обид да патуваат во регионите на судирите биле задржани 73 Белгијци.
Властите во меѓувреме им ги одземале личните карти на 11 лица, за да ги пресечат нивните намери да се приклучат кон ИД.