Свет

Над 5.000 деца жртви на детски труд во Колумбија

Над 5.000 деца жртви на детски труд во Колумбија

Во кампањата за искоренување на детскиот труд во Колумбија во изминатите три месеци откриени се речиси пет илјади случаи на деца кои биле експлоатирани, вклучително и стотици од економски погодената Венецуела, соопшти колумбиската Влада.

Проценките се дека околу 850 илјади деца на возраст од 5 до 17 години работат, а не одат во училиште целосно или воопшто.

Од пет илјади случаи на детски труд, откриени од владини мобилни единици, повеќе од третина биле на земјоделски имоти и на улици, додека дел се пријавени преку бесплатна телефонска линија, соопштија од Колумбиската агенција за заштита на децата. Според законите во Колумбија, деца до 15 годишна возраст не смеат да работат.

Агенцијата тврди дека од март 350 деца од Венецуела биле жртви на детски труд во Колумбија особено во покраини кои се во близина на границата со Венецуела.

Според властите, во Колумбија од 2015 година, илегалано и легално, преминале околу 672 илјади Венецуелци, бегајќи од економските превирања и сериозниот недостиг на лекови и храна.