Повеќе од пет илјади тужби за воени злосторства и кршење на човековите права пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг поднеле властите на самопроглсената проруска источна украинска Донецка народна република, објави во неделата Дарија Морозова, комесар за човекови права во Донецк.
„Поднесовме повеќе од 5.000 тужби до Меѓународниот кривичен суд, каде што главниот обвинител во моментов ги разгледува воие тужби и ќе биде донесенорешение за натамошна истрага“, изјави Морозава за првиот канал на рсуката државна телевизија.
Додаде дека има одредени потешкотии со поднесувањето тужби пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, бидејќи граѓаните од Донецката област прво треба да се обидат да ги заштитат своите права пред судовите во Украина, но тие во моментов ја немаат таквата можност.
Истовремено во неделата беше објавено декла Истражниот комитет на Руската Федерација отворил уште четири случаи во врска со гранатирањата од страна на украинските сили на териториите на Донецката и Луганската област, во кои загинала една жена а уште 12 цивили, од кои двајца малолетници, биле тешко ранети. Станува збор за дела кои според рускиот кривичен законик се квалификуваат под „свирепо постапување со цивилно население, употреба на средства и методи во вооружен конфликт запратени со меѓународните договори“, се додава во соопштението.
Станува збор за случаи во периодот од 4-ти до 6-ти март годинава, кога според руската страна биле гранатирани објекти од цивилна инфраструктура.
Исто така, се додава дека во украинските гранатирања во споменатиот период биле општените 63 станбени објекти и административни згради од кои две се средни училишта, детска градинка, како и 12 трансформатори и 23 линии на гасоводот, поради што 2.000 корисници останале без снабдување со струија и топлинска енергија.
„Работата за собирање докази за извршени воени злосторства врз цивили од страна на припадници на вооружените сили на Украина и другите украински паравоени структури продолжува“, се заклучува во објавата на рускиот Истражен комитет.