Над 500.000 лица останаа без електрична енергија како последица на обилните врнежи што ги зафатија јужните и североисточните држави во САД, пренесе ИТАР-ТАСС.
Вчера властите на државите Њу Џерси и Тенеси најавија воведување на вонредна состојба. Порано вонредна состојба беше воведена и во државите Вирџинија, Мериленд, Северна и Јужна Каролина, Џорџија, Алабама, Мисисипи и Луизијана.
Најтешка останува ситуацијата во Џорџија, каде без струја останаа 175.000 лица. За едно деноноќие снежната покривка во јужната држава достигна 25 сантиметри. Според податоците на Националната метеоролошка служба такви врнежи немало во државата од 2000 година.