
Спасувачите се обидуваат да евакуираат стотици туристи, кои се заробени на планината Ринџани, активен вулкан на индонезискиот остров Ломбок по земјотресот во кој загинаа 17 лица, и кој предизвикаа лизгање на земјиштето.
Околу 820 лица, главно странци, се наоѓа на планината кога силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Ломбок, по што двете патеки останаа непроодни.
Според директорот на Националниот парк Ринџани, околу 300 туристи успеале да се спуштаат по планината.
Информациите кои ги имаме е дека повеќе од 500 луѓе се заробени на планината и се собрани во близина на вулканско езеро Сегара Анакан, изјави директорот.
Според властите, бројот на жртвите во земјотресот се искачи на 17, а повеќе од 150 луѓе беа повредени, а најчесто поради уривање на згради. Голем број куќи беа оштетени во земјотресот, а земјотресот се почувствува во пошироката област, вклучувајќи ја и популарната дестинација на Бали.