Најмалку 60 луѓе загинаа, а илјадници се раселени по поројните дождови што зафатија три сојузни држави во јужниот дел на Индија.
Андра Прадеш, Карнатака и Тамил Наду се погодени од обилни дождови уште од четвртокот, но повеќето жртви беа пријавени за време на викендот.
Најмалку 30 луѓе загинаа во несреќи поврзани со дождот во Андра Прадеш, а исто толку се водат како исчезнати.
Дождовите денеска се намалија, но голем број на села се отсечени од автопатиштата, а тимовите за управување со катастрофи доставуваа храна и вода со чамци и хеликоптери.
Во сојузната држава Карнатака загинаа дваесетина луѓе, а уништени се над 500.000 хектари посеви.
Девет лица, меѓу кои четири деца загинаа при уривање на куќа во областа Велоре во Тамил Наду.