Над 600 илјади прашања веќе пристигнале за Директната линија со Путин

Повеќе од 610 илјади прашања и обраќања до рускиот претседател стасале до вечерта во неделата во пресрет на „Директната линија со Владимир Путин“ која ќе се одвива на 20-ти јуни, покажуваат податоците на телевизијата Россия-24, на која оваа традиционална комуникација на челникот на Кремљ со јавноста ќе биде директно пренесувана.

Повеќе од половината од јавувањата (361.172) се телефонски повици, а на второ место се смс-пораките (164.345). Преку мобилната апликација биле поставени 28.501 прашање, 21.642 се поставени преку социјалните мрежи, а 21,600 прашање е добиено преку специјалната форма на интернет страницата на Директната линија. Најмалку популарен начин за Русите за обраќање до својот претседател биле ммс-пораките – 14.598, пренесува агенцијата ТАСС.

Прашањата може да се поставуваат до главниот центар за обработка на пораките бесплатно од било кое место во Русија, но има центар и за повици од странство. Пораките во смс или ммс форма може да се испраќаат само преку телефони кои се на мрежите на руските оператори, и тие се бесплатни. Пораките поради поелсно обработување се прифаќаат само на руски јазиј, и не треба да надминуваат 70 карактери.

Корисниците може да го контактираа Путин преку специјалната мобилан апликација „Москва – Путин“ и ОК Live или сајтот на програмата moskva-putinu.ru и преку руските социјални мрежи.

Прашањата до Путин ќе бидат примани до крајот на траењето на директната линија, а директниот онлајн пренос ќе заполен во 12 часот по московски време на 20-ти јнуи и ќе биде пренесуван преку телевиите Первый, Россия-1, Россия-24, НТВ, ОТР, Мир, како и преку радијата Маяк, Вести FМ и Радио России.

Годинава „Директната линија со Владимир Путин“ ќе се одржи по 17-ти пат. Првпат ваквата форма на комуникација со рускиот челник беше одржана на крајот од 2001 година, и оттогаш се спроведуваа секоја година, освен во 2004 и 2012 година.

Минатата 2018 година директната линија со рускиот претседател траеше 4 часа и 20 минути. Вкупно пристигнале над 2 милиона прашања, а Путин одговори на 73 прашања. Поголемиот дел од прашањата кои му беа поставувано беа од социјалната сфера, доменот на секторот за домување и комуналните дејности, економијата и спортот. На Путин му беа поставувани и помалку вообичаени прашања, како на пример во врска со активностите на блогерите, затоврањето на некои социјални мрежи, криптовалутите, за неговиот наследник или за верата во Бога.