Двете вакцини притив Covid-19 на кинескиот производител „Sinopharm“ се повеќе од 70 отсто ефикасни против сиптоматските случи, но останува нејасно колку штитат против тешките или асимптоматските случаи, покажуваат првите детални резултати од големото истражување објавено во стручното списание Journal of the American Medical Association.
Вакцината којашто ја развила филијалата на „Sinopharm“ од градот Вухан, каде на крајот од декември 2019 година беше потврден првпат коронавирусот SARS-CoV-2, имала 72,8 отсто ефикасност против заболување со Covid-19 барем две седмици по примањето на првата доза, според прелиминарните резултати. Тоа е малку подобар показател од стапката од 72,4 отсто кој компанијата го презентираше во соопштение во февраури годинава.
Уште една вакцина против Covid-19 којашто ја развил институт од Пекинг кој соработува со „Sinopharm“, а на која претходно во мај Светската здравствена организација (СЗО – WHO) ѝ даде итно одобрени за употреба, покажала 78,1-процентна ефикасност, се наведува во истата статија во Journal of the American Medical Association.
Резултатите се темелат на процената на повеќе од 142 симптоматски случаи во истражувањето кое вклучувало повеќе од 40.000 учесници, од кои 26 ја примиле вакцината од Вухан а 21 вакцината од Пекинг.
„Меѓу испитаниците имаше само два сериозни случаи на Covid-19, така што не може да се извлекуваат заклучоци за сериозните случаи. Студијата не успеа да одговори на прашањето можат ли вацините да ги превенираат асимптоматските случаи на заразата, што бара следење со помош на виролошки и серолошки тестови“, се наведува во рецензијата на списанието.
Во истражувањето, спроведено во земјите меѓу кои се Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, не учествувале бремени жени и помлади лица од 18 години, додека податоците биле непотполни за повозрасните лица и оние со хронич и болести, велата истражувачите и рецензентите.
Резултатите добиени во истражувањето во Египет и Кордан ќе бидат вклучени во финалната анализа, велат авторите на студијата.