Над 77 отсто од Русите му веруваат на Путин

Во Владимир Путин доверба имаат 77,4 отсто од Русите, а неговата работа како претседател на Руската Федерација ја одобруваат 74,6 отсто, произлегува од резултатите од истражувањето што го спровело институтот ВЦИОМ објавени во петокот.

Стапката на одобрување на активностите на претседателот во периодот од 28-ми февраури до 6-ти март, односно во првите десетина дена од рускатата, како што Москва официјално ја нарекува „специјална воена операција“ во Украина, изнесува 74,6 тосто, додека во истиот прериод довербата во Путин е 77,4 отсто, пренесува агенцијата РИА.

Ова истражување покажало и дека 18,7 отсто од испитаниците изразиле недоверба во претседателот Путин, а 16,4 отсто не ја одобруваат неговата работа на претседателската должност.

Анкетата на ВЦИОМ-Спутник биле спроведена телефонски во споменатиот период и со неа биле опфатени на дневно ниво 1.600 испитаници повозрасни од 18 години. Овие показатели ја даваат просечната вредност за седумте денови од истражувањето, за кое се вели дека можната маргина на грешката не надминува 1 отсто.