
Бројот на потврдените случаи на зараза со новиот коронавирус во светот ја надмина бројката од 88,38 милиони, односно е зголемена за 790.000 нови случаи во последните 24 часа, според податоците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објавени во неделата, додека во истиот период бројот на смртните исходи поврзани со коронаинфекциите се зголемил за повеќе од 12.400, приближувајќи се до 1,92 милиони починати.
Според пресекот од 18 часот во неделата, СЗО од националните служби добила информации за нови 790.456 случиа на заразата со SARS-CoV-2 и за уште 12.454 починати од компликациите кои ги предизвикува болеста Covid-19. Со тоа моменталниот број заразени во светот од почетокот на пандемијата во светот изнесува 88.383.771 заразени и 1.919.126 смртни случаи.
Во статистичките податоци на СЗО се земаат предвид само официјално потврдените информации за случаите на заразата и за починаите, кои ги обезбедуваат државите.
Повеќе од 56 отсто од случаите на заразата пријавени во СЗО во последните 24 часа се однесуваат на регионите на Северна и Јужна Америја од каде се пријавени нови 444.146 случаи на коронаинфекции, а следи регионот на Европа во која се вбројува и Русија со 229.818 случаи, а на трето место е Југоисточна Азија со 49.589 нови случаи на заразата.
По држави, најголем број од потврдените случа на заразата од почетокот на пандемијата во светот се приајвени во САД со 21.761.186 зарази. Потоа следат Индија со 10.450.284, Бразил со 8.013.708, Русија со 3.401.954, Велика Британија со 3.017.413, Франција со 2.721,692, Италија со 2.257.866, Шпанија со 2.025.560, Германија со 1.908.527, Колумбија со 1.755.568, Аргентина со 1.703.352 и Мексико со 1.507.931 случаи на зараза со коронавирусот.