Над 8.700 загинати во земјотресот во Турција и Сирија

Повеќе од 8.700 луѓе загинаа во Турција и Сирија како резултат на двата разорни земјотреси во понеделникот, а се стравува дека бројот драстично ќе се зголеми.

Бројот на загинати во Турција се искачи на 6.234, покажуваат податоците на Државната управа за управување со катастрофи (AFAD).

Повеќе од 23 милиони луѓе би можеле да бидат погодени од оваа катастрофа.

Припадниците на службите за итната помош поминаа уште една студена ноќ во очајна трка со времето за да ги спасат луѓето заробени под урнатините откако илјадници згради се урнаа.

Роднините на жртвите  со шипки и стапови се приклучија на избезумените спасувачки напори во еден од најтешко погодените градови во Турција, додека вознемирените семејства се пожалија дека на спасувачките служби им треба премногу долго за да реагираат во некои области.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во Турција во 10-те најтешко погодени провинции.

Тешко е да се потврди билансот во Сирија, но нејзините државни медиуми и спасувачката служба кои работат во северозападниот дел на бунтовниците велат дека бројот на загинати надмина 2.500.

Регионалниот сојузникот на владата во Дамаск, Иран уште во понеделникот вечерта го испрати првиот авион со 45 тони хуманитарна помош за населението во погодените сириски провинции. А помош испрати и Русија, а во спасувачките напори учествуваат и руските војници од базите во Тартус и Хмејм.

На Сирија којашто е под економски санкции на ЕУ и Западот помош ѝ испратија Иран и Русија, а руската команда во Сирија објави дека руските вијници кои предале над 14 тони јуманитарна помош во спасувачките операции изминатата ноќ од под урнатините извлекла 45 преживеани и 55 тела на загинати.

Спасувачката група Бели шлемови, наводна активистичка група финансирана од западните земји, која дејствува во областа под контрола на бунтовниците, објави на Twitter дека бројот на жртви во тие области надминал 1.280 и дека има повеќе од 2.600 повредени.

„Се очекува бројката значително да се зголеми бидејќи стотици семејства се под урнатините, повеќе од 50 часа по земјотресот“, соопштија од Белите шлемови.

Сириската организација на Црвениот крст поради разорниот земјотрес со најмалку 1.600 жртви ја повика во вторникот Европската унија да ги укине санкциите воведени против Дамаск воведени во западните напори да се натера претседателот Башар ал-Асад, регионален сојузник на Русија, да отстапи од позицијата.

Сирија е под санкции откако во март 2011 година сунитските фракции во продолжението на ткн Арапска пролет поддржана од Западот беа крваво соборени владите во редица арапски земји во северна Африка и на Блискиот исток, поради што трговската размена со делови од светот е значително намалена.

Западот инсистираше на воведување на санкциите поради наводното насилно задушување на протестите против власта на претседателот ал-Асад, кој тврди дека тие насилства биле оркестрирани со учество на британската, турската и тајните служби на сунитските земји од регионот што ја испровоцира граѓанската војна.

Дамаск посочува дека додека војската на САД ги држи под контрола четирите најголеми наоѓалишта на нафта во Сирија и непречено и нетранспарентно го експлоатира енергенсот, санкциите порано богатата земја ја турка во економски колапс.