Повеќе од 80 тинејџери беа ослободени од притвор во текот на викендот во Венецуела, откако беа уапсени на антивладините протести по е претседателските избори на крајот од јули кои безуспешно се обиде да ги оспори опозицијата, соопшти група за човекови права.
Изборниот совет и Врховниот суд на Венецуела го прогласија претседателот Николас Мадуро, кој е на власт од 2013 година, за победник на изборите на 28-ми јули, но не ги објави веднаш целосните резултати од гласањето. Венецуелската опозиција, поддржана од САД и нивните латиноамерикански сојузниуци објави свои резултати кои покажуваат наводна убедлива победа на нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес. Меѓутоа, слабата бројност на демонстрантите и краткиот здив на протестите на кои изостанувањето на поддршка од делови од полицијата и војската како во некои претходни години, придонесе за ублажување на тензиите.
Околу 27 лица загинаа во постизборните протести, а други 2.400 беа уапсени.
Алфредо Ромеро, претседател на невладината организација за човекови права Форо Пенал, во неделата на Х напиша дека 86 тинејџери уапсени за време на протестите биле ослободени од затвор во последните денови.
Венецуелските власти не одговорија на барањето за коментар.