Американската Влада по грешка им дала американско државјанство на најмалку 858 мигранти од земји кои претставуваат опасност за безбедноста на САД или држави кои имаат највисок раст на миграциски измами, покажуваат податоците од извршена интерна контрола на Министерството за внатрешна безбедност.
Главниот инспектор на Министерството, Џон Рот открил дека мигранти користеле различни имиња или датуми на раѓање со цел да аплицираат за државјанство во американската Служба за државјанство и миграција. Тие прекршоци не биле откриени бидејќи отпечатоците од прстите на овие луѓе ги немало во владините бази на податоци.
Рот истакнува дека сите тие се од држави кои се од посебен интерес за САД, односно кои претставуваат опасност за американската национална безбедност или од соседни земји со висок раст на миграциски измами.
Во извештајот од внатрешната контрола не се споменуваат имињата на мигрантите, ниту од кои земји потекнуваат.