Над 90 затвореници избегаа од затвор во Либија

Над 90 затвореници избегаа од затвор во либискиот град Злитен, кој се наоѓа на 160 километри источно од либиската престолнина Триполи, објави „ИТАР-ТАСС“.

Според информациите во петокот на должност во затворот имало само четворица чувари. Затворениците ги замолиле да повикаат лекар и додека вратите биле отворени ги нападнале стражарите.

До сега 20 затвореници се фатени и вратени назад во затвор.