
Повеќе од 97.000 вработени во Хрватска следната година би можеле да останат без работа, покажуваат најновите податоци во таа земја.
Клучните показатели на пазарот на труд (КИЛМ) и на Меѓународната организација на трудот (МОР) укажуваат дека следната година во Хрватска без работа ќе останат 7,2 отсто од вработените.
Иако хрватската влада и Европската комисија, но и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидуваат благо закрепнување на хрватската економија во следната година, но кога станува збор за вработувањзата на уште некое време не се очекува подобрување на пазарот.
Од почетокот на кризата, и покрај постојаните пораки дека Хрватска има ригидно работно законодавство, во таа земја се затворени 150.000 работни места, најмногу во производството, но и во услужните дејности.