Над четири милиони заразени со коронавирусот во светот

Бројот на случаите на инфекција со новиот тип коронавирус во светот надмина четири милиони луѓе ширум светот, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“ објавени ноќта кон неделата по македонско време.

Според податоците кои фигурираа на итнернет страницата на универзитот, собрани од официјални податоци и други извештаи, точно на полноќ, пријавени се 4.004.224 случаи на зараза со корнавирусот. Починати се околу 7 отсто од нив, или 276.765 луѓе, додека бројката на оздравените изнесува 1.348.383 пациенти.

За удвојување на бројот на заразените од два на четири милиони, изминаа 26 дена, додека кога бројката се удвои од милион на два милиона заразени во светот овој период изнесуваше 13 дена.

Најголем број заразени се регистрирани во САД, на кои отпаѓа речиси третина од вкупната бројка случаи на коронавирус во светот. Според весникот The New York Times, заразени се 1.304.700 Американци, а стапката на смртност изнеува 5,99 отсто, односно 78.113 починати. На второто место е Шпанија со 223.578 инфицирани и 26.478 починати, или смрноста изнесува 11,84 отсто од бројот на заразените, а во оваа земја кон крајот на април беше изменета методологијата за потврдување на заразените и почнаа да се земаат предвид само резултатите од PCR-тестовите, поради што севкупната бројка малку се намали.

Следи Италија со 218.268 заразени, од кои починале 13,93 отсто односно 30.395 луѓе, а на четврто место е Велика Британија со официјално потврдени 215.260 инфицирани, од кои 31.587 пациенти починале, што сочунува смртни исходи од 14,67 отсто.

На петтото место според апсолутните бројки последните денови дојде Русија, со 198.676 случаи на зараза со коронавирусот, од кои починале 1.827 лица.