Португалските власти соопштија дека заплениле 4,2 тони кокаин од брод кој доаѓал од Колумбија, а дрогата била скриена во палети со банани.
Тоа е најголемата заплена на кокаин оваа година и една од најголемите во изминатите неколку години, соопшти полицијата.
Дрогата, скриена во шест палети полни со банани, влегла на португалска територија на товарен брод, што пловел под италијанско знаме, преку пристаништето Сетубал, лоцирано на 30 километри јужно од Лисабон.
Кокаинот бил наменет за неколку европски земји и неговата вредност се проценува на повеќе од 100 милиони евра.
Акцијата, во која никој не е уапсен, била спроведена со меѓународна соработка со Колумбија и неколку европски земји