Над четвртина од возрасните во ЕУ одбиле да се вакцинираат против Covid-19, Бугарите најскептични

Повеќе од четвртина од возрасното население во Европската унија веројатно би одбиле да се вакционираат против Covid-19 кога таа ќе им биде понудена, покажува истражувањето на Eurofound објавено во четвртокот.

Жителите на Бугарија биле најмалку наклонети на вакцинирањето, 67 отсто од возрасните Бугари навелио дека веројатно или многу веројатно нема да се вакцинираат. Во Ирска, пак, само 10 отсто од возрасните рекле дека нама да ја примат вакцината, пренесува Reuters.

Истражувањето открило поделна на истокот и западот во ЕУ. Освен во Франција и Австрија, намерата за вакцинирање била над 60 отсто во сите западноевропски земји. Кај нордиските и медитеранските земји тој процент бил и повисок.

На истокот на ЕУ процентот на оние кои сакаат да се вакцинираат е многу понизок, и се движи од 59 отсто во Романија, до 33 отсто во Бугарија.

Резултатите, исто така, сугерирале и силна поврзаност меѓу потпорот кон вакцината и користењето на социјалните мрежи, особено кај оние кај кои социјалните мрежи се главниот извор на информации, наведува Eurofound кој го спровел истражувањето.

„За жал, овие сознанија го одразуваат неуспехот во давањето убедлива и јасна комуникација за ефикасноста и безбедноста на вакцината“, вели Дапхен Ахренд од Eurofound.

Главното влијание на отпорот кон вакцината била во времето минато на социјалните мрежи и користените медиуми, покажува истражувањето. Уделот се зголемува на 40 отсто кај оние кои ги користат социјалните мрежи како свој примарен извор за вести.

Меѓу они кои се информирале преку традиционалните медиуми, како што се печатот, радиото и телевизијата, сао 18 отсто од испитаниците биле скептични кон вакцинирањето.

Истражувањето, исто така, открило дека студентите, вработените или пензионираните лица помалку од просекот се двоумеле да ја примат вакцината, додека 39 отсто од невработените или оние со долготраен инвалидитет повеќе се двоумеле.

Истражувањето е спроведено во периодот меѓу февраури и март годинава, по една година живот во ограничувања во пандмијата на коронавирусот во сите 27 земји членки на ЕУ: