Над две илјади починати од коронавирусот во еден ден во Индија

Бројот на починатите како последица на зараза со новиот коронавирус во Индија се зголеми за 2.003 лица и во среда утрото изнесуваше вкупно 11.903, што е најголемиот раст на овој показател на дневно ниво од почетокот на пандемијата.

Како што додава министерството за здравство и семејство, вкупната бројка заразени во последното деноноќие се зголемило за 10.974 случаи, и достигнала вкупно 354.065 заразени, со што земјата е на четвртото место во светот.

Просечната дневна стапка на раст на бројот на смртните случаи од коронавирусот во Индија се зголеми за повеќе од пет пати за последните 24 часа. Во претходните пет дена овој показател во просек изнесуваше 362 починати.

Според индиските здравствени власти, во болниците во моментов се лекуваат 155.227 пациенти, додека досега 186.935 луѓе оздравеле.

Засега случаите на зараза се концентрирани во големите градови, но големата миграција на работниците во руралните области по воведувањет на рестриктивните мерки кога милиони ја загубија работата, предизвикува загриженост дека може да дојде до ширење на вирусот во овие области кои имаат извонредно лоша или никаква здравствена инфраструктура.

Од почетокот на седмицата индиските влсти започнаа со првата фаза од излегувањето од режимот на строга изолација. Повеќето сојузни држави дозволија отворање на трговските центри, берските храмови и светилиштата, како и на рестораните и хотелите, по повеќе од два месеца, со одредени мерки на заштита. Многу индиски лекари токму со ова олабавување на мерките го објаснуваат остриот скок на заболени со Covid-19 во земјата со над милијарда население којашто на почетокот од пандемијата известуваше за релативно мал број случаи на зараза и смртни исходи.