Во зима, Скопје, главниот град на Македонија е еден од најзагадените градови. Според проценките на Студијата на Светска банка, повеќе од илјада луѓе годишно умираат како резултат на загадувањето на воздухот во Македонија, а нејзиното население е само два милиона граѓани, пишува Euronews.com
Здравствената мрежа на Југоисточна Европа е регионална организација лоцирана во Скопје. Охрабрува здравје и благосостојба меѓу земјите-членки и работи активно во оваа област поради алармантната состојба. Мира Јовановски Дашиќ, директор на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа вели дека извештајот направен од експерти од нејзините земји-членки покажуваат дека било јасно дека штетата од загдувањето на воздухот врз здравјето е исклучително голема, а последиците може да се видат на срцеви заболувања, алергии и карциноми, пренесува Euronews.mk