Над милијарда евра ЕУ ќе ѝ даде на „Tesla“ за производство на батерии

Американскиот производител на батерии „Tesla“ ќе добие околу 1,1 милијарди евра од програмата на Европската унија за поддршка на производството на батериски ќелии, пишуваат германските медиуми.

Германското министерство за стопанство чека зелено светло за предложената финансиска поддршка, објави во неделата берлинскиот весник Tagesspiegel. Од министерството не го коментираа во понеделникот овој напис.

На почетокот од годинава Европската комисија одобри 2,9 милијарди евра државна поддршка за 12 земји членки, за производство на батерии за електричните автомобили.

Проектот „Ервопски патериски иновации“ предвидува финансирање за вадење на суровините, проектирања и производство на батериските ќелии, како и рециклирање и складирање на неисправните батерии, а го предложија, Австраија, Белгија, Германија, Грција, Италија, Полска, Словачка, Финска, Франција, Хрватска, Шпанија и Шведска. Овие 12 земји од ЕУ планираат следните години да обезбедат 2,9 милијарди евра за негово финансирање, а нивната поддршка би требало дополнително да привече 9 милијарди евра приватни вложувања.

Поддршка во рамките на проектот ќе добие и храватската групација „Rimac Automobili“, но и американскиот призводител „Tesla“, кој во близина на Берлин сака да ја изгради првата фабрика за електрични автомобили во Европа, каде планира и масивно да ги проиведува батериите. Производството во Грунхејд требаше да започен уште во јуни, но беше одложено поради низа проблеми а „Tesla“ го поместио рокот за почетокот на производството до крајот на годинава.