Податоците од студијата на Американската академија за педијатрија покажуваат дека коронавирусот е потврден кај повеќе од милион американски деца, а најголемиот број новозаразени деца е регистриран минатата недела.
Мрачните бројки покажуваат дека, иако тешките случаи на Ковид-19 се чини дека се ретки кај децата, постои итна потреба да се соберат повеќе податоци за долгорочните ефекти на коронавирусот врз децата, вклучувајќи го и емоционалното и менталното здравје, посочува „Њујорк пост“.
Како што е наведено, досега, вкупно 1.039,464 деца во САД биле заразени со вирусот, што е 11,5 проценти од сите заразени. Со оглед на тоа што многу често децата покажуваат мали или воопшто немаат симптоми, се претпоставува дека бројот на деца под 18 години погодени од вирусот е многу поголем во реалноста.