Над милион Канаѓани без струја, се заканува Велигден во мрак

Повеќе од милиони луѓе остана во четвртокот без струја откако студената бура, во која според досегашните извештаи животите ги загубиле две лица, ги погоди двете најнаселени канадски покраини во пресрет на велигденски викенд според грегоријанскиот календар, носејќи смрзнат дожд и силен ветер кој уривал дрвја и го оптоварил далноводите.

Повеќе од милион луѓе без струја се во Квебек и околу 120.000 во Онтарио според интернет ресурсот Poweroutage.com. Во овие две покраини живеат повеќе од половината од вкупно околу 39 милиони жители на Канада.

Дистрибутерите на електрична енергија во двете покраина се обидуваат повторно да го воспостават снабдувањето со електрична енергија, но се очекува дека поправките ќе траат со денови, па многу Канаѓани Велигден ќе го минат во темница.

Премиерот Џастин Трудо, кој во округот Монтреал е избран за пратеник во парламентот, понуди сојузна помош доколку тоа биде потребно.

„Ова е многу тежок момент… Прекинот на струја за толку луѓе, стебла кои паѓаат, оштетувањето на згради и автомобили“, рече Трудо кој изјавата за новинарите ја даваше на улици додека работниците на интервентните служби за него отстрануваа соборено стебло.

Метрополата Монтреал е едно од најтешко погодените области во покраината Квебек. Околу половината од прекините на електричната енергија во покраината отпаѓаат на овој градот.

„Да се видат овие прекрасни стебла соборени, да се видат нарушени животи, да се видат слични предизвици… Ова ќе биде тежок, тежок Велигден за многу семејства“, рече Трудо.

Околу 1.100 работници се обидувале во текот на ноќта кон четвртокот и утрото да го обноват снабдувањето со струја во Квебек, објави покраинскиот дистрибутер, предупредувајќи дека во уште домаќинства и можело да дојде до прекини на струјата. Операторот „Hydro-Quebec“ се надева дека ќе се обнови снабдувањето за околу 70 отсто од корисниците до петокот во полноќ, изјавија од компанијата.

„За жал, почетокот на продолжениот викенд и одредени области се посложени па нема да можеме веднаш да се поврземе“, изјави Режи Телиер, потпретседателот на „Hydro-Quebec“ за операции и одржување.

Се очекува дека до пладнето во главниот град Отава поголем дел од околу 65.000 погодени потрошувач да имаат струја, изјави градоначалникот Марк Сатклиф.