Повеќе од милиони луѓе се собрале во саботата во центарот на британската престолнина по повод 50-годишнината од Поворката на гордоста на ЛГБТИ заедниците, најголемата досега.
Тричасовната парада, предводена од ветераните на ЛГБТ движењето, кои учествувале и на прваа британска Поворка на гордоста пред половина век, мина по истата рута како и поворката од 1972 година. Според организаторите, само во поворката учествувале повеќе од 30.000 лица.
Во првата Поворка или Парада на гордоста неколкуте стотини учесници биле пречекани од полицијата, но овојпат учесниците со ишарани лица и со знамиња во боите на виножитото биле поздравувани од рекордната толпа, повеќе од милион луѓе, според процените на лондонскиот градоначалник Садик Кан.
Познати личности и политичари, меѓу кои и челникот на опозициската Лабуристичка партија, Кеир Стармер, ѝ се приклучија на поворката.
„Педесетта годишнина, какво постигнување. Колку општеството се променило“, рекол за Reuters Џон Кларк, вработен во локалниот совет, кој парадата ја следел отстрана.