Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска заедaно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, деканот на факултетот за шумарски науки пејзажна архитектура и екоинжирнг Кирил Сотировски, директорот на ЈП Национални шуми Валентин Груевски и претставници на општествено одговорни комапнии и граѓански организации ја најавија акцијата „Пошумуваме заедно 2023“ со засадување на 1.200.000 садници.
-Еден милион и двеста илјади садници ги предвидуваме за пошумување во годинешната голема акција за пошумување во 19 региони, на 36 локации низ државата. Годинешната акција, која започнува од овој месец и ќе трае се до март 2024 година, опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб, чемпрез, јасен, костен и ела, истакна Николовски.
Шукова најави дека како подршка на годинашното пошумување и зазеленување на нашата држава Министерството за животна средина и просторно планирање во партнерство со УНЕП ќе спроведе мерки за реставрација или уредување на деградирани земјишта и голини преку пошумување на површина од 400ха и преку спроведување на мерки за одржливо управување со земјиште и одржливо управување со шуми на повеќе од 15.000хектари.
-Решавањето на проблемите со глобалното затоплување и секвестрација на јаглеродот, ефектот на стаклена градина е значаен фактор за сегашната климатска криза. На почетокот на 21 век интересот за пошумување израсна над неговиот потенцијал. Видот на садниците со кои ќе се пошумува на површините е одреден од нашите стручни лица земајќи ги во предвид природните, почвените и еколошките карактеристики на површините, истакна директорот Груевски.
Министерот додаде дека за голема почит фактот што многу општествено одговорни компании и граѓански организации се приклучиле кон оваа акција за пошумување.