![Dojran](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/Dojran.jpg?resize=684%2C313&ssl=1)
Најмногу снег има во Крушево 32 сантиметри, 15 во Пожаране и 7 во Берово.
Времето утрово е студено, а преку денот ќе биде сончево. По одделни котлини претпладне магливо, или со ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје утрото студено со услови за слаба магла, а преку денот сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 7 степени.