Половината, или 50 отсто од испитаниците велат дека се незадоволни од работата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, покажува најновата анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ која е направена во периодот од 8-ми април до 4-ти мај годинава.
На прашањето колку скопјани се задолни/незадоволни од работата на скопската градоначалничката Арсовска 50 отсто одговориле дека не се задоволни, или за повеќе од трипати овеќе во однос на тоа дека само 18 проценти одговориле дека се задоволни. Тоа покажува дека повеќе од јасно е дека Арсовска лошо управува со градот Скопје.
Во истата анеката е поставено и прашањето дала градоначалничката Арсовска добро си ја врши работата или треба да се избере нов градоначалник 53 проценти од испитаниците одговориле дека Арсовска не си ја врши добро работата и треба да биде избран друг кандидат. Наспроти овој процент, 29 отсто сметаат дека таа добро си ја врши работа и не треба да биде сменета.