Над педесет пожари во Грција

Повеќе стотици пожарникари се справуваат во саботата во Грција со повеќе од 50 шумски пожари, од кои еден голем крај главниот град Атина кој избувнал како последица на високите температури и силните ветрови.

Повеќе од 450 пожарникари и 23 канадери се мобилизирани во Грција во борбата против пожарите, додека еден песнее на островот Елафонисос и два околу градот Маратон, близу Атина.

Еден камп и еден хотел се евакуирани на островот Елафонисос, како и едно летувалиште близу Маратон, кој се наоѓа во близина на летувалиштетот Мати каде минатата 2018 година во еден од најголемите пожари во Грција смртно настрадаа 102 лица.

Метеоролозите предупредуваат дека температурите во недела ќе достигнат 40 Целзиусови степени во некои региони, каде што, исто така, се предвидуваат и силни ветрови.

Во петокот челникот на службата за цивилна заштита Никос Харадалис речле дека првпат по 2012 година Грција е соочена со оваа опасна комбинација на големи горештини, силни ветрови и суша.