Над педесет случаи на коронавирус во Тиквешијата, хоспитализирани четири лица

Четири лица позитивни на коронавирус од Тиквешко се хоспитализирани, од кои три од Неготино и едно од Кавадарци.

Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

Јовановски додаде дека во последните 24 часа во Тиквешијата регистрирани се нови 52 случаи позитивни на коронавирус.

Од нив, 25 од Кавадарци, 23 од Неготино, по два случаи во Росоман и во Демир Капија.

Јовановски посочи дека новозаболените се на возраст од 17 до 72 години.

Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат.