
Повеќето од половината Руси сакаат претседателот Владимир Путин и натаму да биде шеф на државата и откако ќе му заврши актуелниот шестгодишен мандат во 2024 година, покажува најопсежното испитување на јавното мнение чиишто резултати се објавени во вторникот.
Владимир Путин својот четврти мандат го започна пролетва. Западните медиуми шпекулираат дека рускиот устав би морал да биде изменет за тој да остане на власт и по 2024 година, бидејќи тогаш завршува неговиот втор последователен мандат. Путин тогаш ќе има 71 година.
„Нема наследник. Луѓето на тоа гледаат прагматично“, вели шефот на тимот што ја спроведувал анкетата Лев Гудков во коментарот кого го пренесува весникот Ведомости. Можните политички промени бидат страв од нестабилност, додава Гудков кој смета дека Путин ја сочувал стабилноста и статус-квото во руското општество.
Во истражувањето коешто било спроведено во мај на територијата на цела Русија, 51 отсто од испитаниците одговориле дека би сакале Путин да остане претседател и по споменатиот рок, додека само 27 проценти рекле дека би сакале на неговата должност да дојде некој друг.