Министерството за финансии исплати 116,5 милиони денари субвенции на 6.112 сточари за одгледување говеда.
Финансиската поддршка за одгледување говеда изнесува 2.800 денари по грло. Исплатени се субвенции на сточари кои одгледуваат говеда низ цела територија на Република Македонија.
Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.