Над сто жртви од ураганот Ијан во САД

Најмалку 103 луѓе ги загубиле животите во разорниот ураган Ијан кој минатата седмица ја погоди американската сојузна држава Флорида, објави во вторникот телевизиската мрежа ABC News.

Според информацијата, локалните власти ја потврдиле смртта на 99 лица, а во соседната сојузна држава Северна Каролина загинале уште четири лица. Претходно беше соопштено за вкупно 98 жртви во ураганот.

Ураганот Ијан го погоди брегот на Флоридскиот залив со катастрофална моќ во средата како ураган од 4-та категорија, со максимална брзина на ветрот од 240 километри на час. Во четвртокот ослабе до тропска бура, но потоа повторни се засили до првиот степен на скалата од пет нивоа со удари на ветерот од 33 метри во секунда.

Гувернерот на Флорида, Рон Десантис, изјави дека ќе бидат потребни години за целосно закрепнување од штетите кои сѐ уште се проценуваат. Повеќе од 556.000 потрошувачи без електрична енергија во оваа сојузна држава.

Американскиот претседател Џо Бајден и сопругата Џил Бајден во среда непосредно ќе се запознаат со разорувањата на Флорида, објави Белата куќа. Сопружниците Бајден во понеделникот го посетија Порторико, каде што стотици илјади луѓе сѐ уште се без електрична енергија, две седмици откако ураганот Фиона го погоди островот.