Надал до рекордната 12-та титула во Ролан Гарос

Во репризата од минатогодишното финале во Ролан Гарос, 33-годишниот „Крал на црвеницата“ Рафаел Надал повторно го надигра 25-годишниот Австриец Доминик Тим, и совладувајќи го со 6-3, 5-7, 6-1, 6-1 по три часа и една минута игра, по 12-ти пат во кариерата го освои Купот на мускетарите, што му е воедно и 18-ти Гран-слем во кариерата.

Ова беше 13-ти меѓусебен меч меѓу Надал и Тим и деветта победа на Шпанецот кој од Австриецот беше подобар во сите пет дуели на Грен-слем турнерите, од кои четири одиграа во Париз. Тим првпат успеа да му заме сет на Надал во Ролан Гарос, но не успеа да ја прекине низата на триумифи на играчи повозрасни од 30 години на Грен-слем турнирите. Последниот тенисер кој пред својот 30-ти роденден освоил Грен-слем титула беше Британецот Енди Мареј кој како 29-годишник го освои Вимблдон во 2016 година.

Надал истовремено стана првиот во историјата кој во поединечна конкуренција 12 пати освоил еден од четирите Грен-слем турнири. Досега рекордот го делеше со Австралијакта Маргарет Корт која 11 пати победи на Отвореното првенство на Австралија.

Тим во првиот сет поведе со 3-2 со „брејк“, но Надал нанижа ечтири гема и го освои првиот сет. Австриецот со „брејк“ во 12-от гем се врати во игра во вториот свет и го израмни резултатот. Но тоа изгледа го налути најдобриот играч на земјана подлога на сите времиња, па Надал во следните два сета на Тим му препушти само два гема.

Покрај 12-от трофеј, Надал од Париз понесува и чек на 2,3 милиони евра, додека Тим за поразот во финалето заработи 1,18 милиони евра. Исто така, по 12-та тутула на Ролан Гарос, колекцијата на Надал со освоени Гран-слем трофеи се зголеми на 18, само два помалку од рекордерот Роџер Федерер, а тир повеќе од слениот на вечната листа – Новак Ѓоковиќ. Оваа тројка ги псвои последните десет Грен-слем титули.