Рафаел Надал е подготвен да се врати во фокусот на модниот свет и тоа само во долна облека.
Тенисерот кој во моментов е осми на листата на најдобри тенисери во светот, за прв пат се појавува во кампања на Томи Хилфингер, како главно лице и амбасадор на брендот.
Инаку пред неколку месеци беше објавено дека токму Надал е новото промотивно лице на долната облека, костумите и парфемите со потпис на американскиот дизјанер.

Инаку, ова не е прв пат Надал да позира во долна облека. Пред 4 години имавме можност да го видиме во реклама за Емпорио Армани и Армани Џинс заедно со Меган Фокс.