Севтскиот тениски рекет број еден Шпанецот Рафаел Надал ќе му се спротивстави на Новак Ѓоковиќ во финалето на мастерс турнирот во Мајами.
Надал, исто како и Ѓоковиќ, во финалето се пласира без борба, откако чешкиот тенисер Томаш Бердих го предаде мечот поради проблеми со гастроентеритис. Претходно, и Кеи Нишикори поради повреда го предаде полуфиналниот меч против Новак Ѓоковиќ.
В недела, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ќе го имаат својот 40. меѓусебен дуел, а прв во тековната 2014 година.