Светскиот тениски рекет број еден Шпанецот Рафаел Надал И Србинот Новк Ѓоковиќ ќе играат во утрешното финале на вториот грен слем турнир Ролан Гарос. Бранителот на титулата Надал, во три сета во полуфиналето го совлада Британецот Енди Мареј со 6:3, 6:2, 6:1, додека Новак имаше потешка работа во дуелот со Летонецот Ернест Гулбис, совладувајќи го со 6:3, 6:3, 3:6, 6:3.
Рафа ќе ја брка својата деветта титула на исто толку одиграни финалиња на турнирот во Париз, додека Новак ќе се обиде да ја освои единствената титука што недеостасува во неговата колекција од грен слем турнирите.