На најновата АТП листа првиот светски тениски рекет Шпанецот Рафаел Надал, има предност од 4000 бодови пред Србинот Новак Ѓоковиќ, кој е на втората позиција. Надал моментно има 14.580 бодови, а Новак 10.580 бодови. На третото место е Швајцарецот Станислав Вавринка со 5.560 бодови, четврти е Шпанецот Давид Ферер со 5.370, додека првата петорка ја комплетира Арегентинецот Хуан Мартин Дел Потро со 4.960 бодови.