Фудбалерот на „Барселона“, Жерар Пике, кој е еден од инвеститорите кои стојад зад новиот формат на натпревари во тенискиот Дејвис куп вели дека првопласираниот тенисер на АТП листата, Рафаел Надал го потврдил своето учество.
Дел од најдобрите светски тенисери веќе најавија отпор против новото натпреварување, но според Пике, шпанскиот тенисер потврдил дека ќе игра, ако не биде повреден.
Ако на Дејвис купот игра првиот светски тенисер, тоа е повеќе од доволно. Федерер не го очекуваме. Се зависи од тоа како да се направи календарот и тука не можеме многу да направиме. Што се однесува до Новак, јас сум оптимист, мислам дека можеме да го убедиме, изјави Пике.
Она што е најспорно во врска со новиот формат на Дејвис куп, кој ќе се игра како завршен турнир на најдобрите светски репрезентации во траење од десет дена е терминот он крајот на ноември.