Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во финалето на АТО Мастерс 1000 турнирот во Мадрид, совладувајќи по цели три години Србинот Новак Ѓоковиќ со 6:2 и 6:4.
Надал ја чека победата над Ѓоковиќ уште од финалето на Роланд Гарос во 2014 година, а од тогаш српскиот тенисер нанижа дури седум победи без ниеден загубен сет во меѓусебните дуели.
Ова беше нивниот јубилеен 50-ти двобој и 24-та победа на Надал, кој во финалето го очекува подобриот од дуелот меѓу Австриецот Доминик Тием и Уругваецот Пабло Киевас.